Автор: Виктор Гребенароски22-10-2016 / Посети: 952

Учениците од СОУ Ристе Ристески Ричко во посета на изложбата „Ана Франк“


Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ од 28 март (понеделник) беше отворена во Прилеп, во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“, а во нашиот град беше до 07.04.2016 отворена за посета секој ден од 8 до 22 часот,а нејзиното отварање беше во 18 :00 часот придружено со поздравни говори и проектирање на кусиот филм„ Краткиот живот на Ана Франк“. Патувачката изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ претставува збир од триесет и девет изложбени панели, кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денес“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Во изложбата има и панели креирани посебно за македонскиот контекст, во периодот по Втората светска војна до денес, а се изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини. Она што ја прави оваа изложба поинаква е што водичи за посетителите беа млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк. Од нашиот град чест ни беше што и нашите ученици од СОО:„Ристе Ристески-Ричко“ заедно со учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“ беа водичи на оваа изложба. Оваа изложба досега има посетено четириесетина земји. Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денес“ поддржан од Европската Комисија и Амбасадата на Кралстовото Холандија. Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век.



© СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ 2014-2018. Сите права задржани!
Дизајн и код: Виктор Гребенароски