Автор: Виктор Гребенароски26-03-2018 / Посети: 566

Менаџмент со ученик со ПОП


Подобрување на професионалните компетенции во функција на професионалниот развој на наставниот кадар е процес во континуитет. Истиот резултира со подобрување на квалитетот на наставата, постигнување максимален учинок во поучувањето на учениците, зајакнување на релацијата наставник –ученик. Инклузивната политика-вклучувањето на учениците со ПОП во редовниот образовен систем е еден од предизвиците на наставничката професија денес. Со цел подготвени да се соочуваат со него, во изминатиот период за наставниот кадар во училиштето беа организирани и реализирани две обуки - ,,Идентификација на ученици со потешкотии во учењето,, и ,,Менаџмент во училница / клас со ученик со ПОП,,. Изготвена е и брошура ,,Дали? Како? Што? Препораки и насоки за училишни активности со ученици со посебни образовни потреби и потешкотии во учењето,, . Низ обуките, наставниците се здобија со информации и знаења кои во иднина ќе им послужат за подобар план, подобра реализација и постигнување подобар успех во наставата.
https://ricko.edu.mk/pdf/Ричко-nastavnici.pptx
https://ricko.edu.mk/pdf/Менаџмент-во-училница.pptx


Претходна Статија
Следна Статија


Завршен настан - digitalschool.mk

Хуманитарна Акција


© СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ 2014-2018. Сите права задржани!
Дизајн и код: Виктор Гребенароски