Автор: Виктор Гребенароски13-04-2018 / Посети: 691

Историјат - СОУ „Ристе Ристески Ричко“ - Прилеп


СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп, има свој историски развој околу педесетина години. Потекнува некаде од 1946/1947 година од некогашното училиште за ученици во Стопанството така викано УЗУС. Во тоа училиште вонглавно ги изучувале сите занаети потребни за стопанството. Често слушале теоретска настава касапите со самарџиите, пекари со налбатите и така натаму. Во овој прериод воопшто не се работело по одредени планови и програми туку случајно и по потреба. Кон крајот на 1956 година почнува формирање на паралелки по одредени занимања а главен организатор на овие занимања била занаетчиската комора на Прилеп. Во 1960 година со одлука на Народниот одбор на општина Прилеп, се формираат неколку училишта и со решение од Народниот одбор на општина Прилеп, бр. 01-5601/1 од 23.06.1960 година се формира индустриското училиште со практична обука. Потписник на решението е тогашниот претседател Ристо Бунески. Седиштето на училиштето му е во Прилеп и започнало со работа на 01.09.1960 година. За вршење на должноста деректор во формирање назначен е Јанко Темелкоски. Средства за редовна дејност и отпочнување на наставата доделена му е од Нарониот одбор на општина Прилеп. Именованиот В.Д директор бил задолжен да ги изврши сите подготовки за нормално отпочнување на наставата од 01.09.1960 година. Со редовна настава на училиштето започнало на 01.09.1960 година и во таа учебна година се запишале во прва година две паралелки и тоа Iа и Iв . Big Image Наставниот кадар во учебната 1960/1961 година исклучиво доаѓал од редовните училишта за општите предмети,а за стричните предмети доаѓале инженери од стопанството. Во наредната 1962/1963 година училиштето ја добива саканата физиономија т.е се создава трета година редовно школување исклучиво од Машинска струка. Од учебната 1960/1961 година наставата и теоретската и практичната се изведувала во училиштето зад Солидност коешто денес не постои. Во наредната учебна година 1961/1962 година теоретска настава за четири паралелки се изведувала во училиштето во Стара Црква а практичната настава во старото училиште зад Солидност. Во календарската 1961/1968 година се гради ново Индустриско училиште со практична обука на Крушевското џаде б.б и тоа две хали за практична настава и шест училници за теоретска настава. Третата хала за практична настава градена е наредната година. Со оглед на потребите на прилепското стопанство и поблиската околина се отвораат нови занимања во училиштата така што завршените ученици во нашето училиште многу лесно и брзо се вработуваат. Ова брзо и лесно вработување на учениците му донесе поголема афирмираност а со тоа се запишуваа и подобри по успех ученици а со тоа се подигна угледот на училиштето и се зголеми бројот на паралелките на почетокот на годината. Со решение бр.09-521/1 од 07.07.1975 година а покасно и со Решение бр.11-1689/2 од 03.05.1994 година и Електро насоката прерасна во трет и четврт степен за да може да школува кадри кој без проблеми ќе ги исполнат претходните услови за слободен упис на Машинските и Електро техничките факултети. Училиштето стана расадник на идни инженери, тоа значи дека голем број на завршени ученици од четврт степен отидоа на Машински и Електро технички Факултет каде што се здобиле со научни дипломи. Во ова време после 1975 година се развувааат повеќе насоки како до Машинска така и до Електро техничка струка – Електро техничар енергетичар кое е верифицирано со Решение бр.11-525/84 од 20.11.1985 година од страна на републичниот комитет за образование и фазичка култура. Овој развој беше достигнат до учебната 1984/1988 година со вкупен број на паралелки 28. Од 1988 до ден денес со училиштето раководи и управува Билјана Трајкоска кој е заслужен за многу придобивки. Денес училиштето има 15 паралелки во Електротехничката и Машинската насока со повеќе занимања.


Следна Статија


Erasmus


© СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ 2014-2018. Сите права задржани!
Дизајн и код: Виктор Гребенароски