Автор: Виктор Гребенароски15-11-2016 / Посети: 1081

Завршен настан - digitalschool.mk


Во петокот 11.11.2016 во просториите на Градската Библиотека Борка Талески во Прилеп се одржа завршниот настан од проектот „Подобрување на професионалните компетенции на наставниците и постигањата на учениците во стручните училишта преку воведување на нов концепт на дигитално учење и поучување“ попознат како digitalschool.mk. На успешните учесници во проектот им беа доделени сертификати. Пред присутните се обратија проект координаторите и мастер обучувачи Влатко Бутлески и Гоце Неделкоски, Наташа Ванчева како претставник на наставниците обучувачи – дисеминатори и Олгица Славеска како претставник на обучените наставници. На партнер училиштата СОУ Ѓорче Петров, СОУ Ристе Ристески Ричко и СОУ Наум Наумовски Борче од Крушево им беа доделени благодарници. Директорите на училиштата Дејан Димоски, Жарко Темелкоски и Фаница Николоска зборуваа за важноста на професионалниот развој и потребата од вакви обуки. Специјално за оваа прилика имаше и видео обраќање на господинот Julian Stanley од Торино, Италија од седиштето на Европската Фондација за Обуки (ETF) – финансиер на овој проект. Господинот Stanley не штедеше на пофалбите за сите учесници во проектот, од организаторите до крајните корисници. Проектот продолжува и наредната година, проширен на нови 8 училишта низ Македонија.



© СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ 2014-2018. Сите права задржани!
Дизајн и код: Виктор Гребенароски