Автор: Виктор Гребенароски22-10-2016 / Посети: 1556

Г-дин. Julian Stanley во посета на СОУ Ристе Ристески Ричко


Во средата 19.10.2016 во посета на нашето училиште беше г-дин. Julian Stanley од Европската Фондација за обуки (ETF). Посетата е поврзана со проектот digitalschool.mk кој веќе се имплементира од почетокот на оваа учебна година со учениците. Наставниците претходно беа обучени за користење на нови дигитални вештини кои им помагаат за нивен подобар професионален развој. Учениците пак, на еден поинтересен начин може да ги совладаат наставните содржини. Господинот Стенли прво одржа средба со дел од наставниците кои беа вклучени во обуката и се запозна со нивните искуства, впечатоци и очекувања. Потоа беше во посета на часот по Историја кој професорката Олгица Славеска го одржа во II-2 и во кој многу успешно беа инкорпорирани новите дигитални техники во наставата. Часот беше многу интересен и за учениците и за гостинот. Господинот Стенли разговараше и со учениците кои многу позитивно се изјаснија за проектот.



© СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ 2014-2018. Сите права задржани!
Дизајн и код: Виктор Гребенароски